Top Sport

Барнли верува во својот тренер – Дајч останува до 2022

Менаџерот на премиерлигашот Барнли, Шон Дајч потпиша нов четирииполгодишен договор со клубот, со што ќе остане на „Турф мур“ до 2022 година.

Дајч дојде во клубот во октомври 2012 година и оттогаш потпишуваше договор година-за-година, исто како и неговите помошници Јан Воан и Тони Лафлан. 46-годишниот Англичанец двапати успеа да ги извлече Барнли од втората лига, лани беа на 16. место, а во моментов се на осмото место, добивајќи голем број на навивачи.

„Јас сум доста млад за менаџер. Уште учам и се подобрувам и поради личните причини мислам дека Барнли е место за мене. Уживам во клубот и нè очекува многу работа“, вели Дајч.

Иако клубот не ги даде финансиските детали, локалниот весник „Ланкашајр ивнинг телеграф“ објави дека тој ќе заработува 3.5 милиони фунти годишно.

Дајч, кој поголемиот дел од кариерата го помина како дефанзивец во пониските англиски лиги, дојде во Барнли откако една година беше на чело на тимот на Ватфорд.

Scroll to Top