Ентони Џошуа ќе се обиде да додаде и трет појас во тешка категорија во дуелот со ВБО шампионот Џозеф Паркер во Кардиф на 31 март, и верува дека сега е во подобра форма од пред дуелот со Владимир Кличко, кога „направи име“ за себе.
Популарниот „Еј-Џеј“, во моментов има 107 килограми, десет помалку од дуелот со Карлос Такам, и вели дека тоа е поради напорниот тренинг-режим за да може да го „казни“ Новозеланѓанецот Паркер кој го нарече „крал на стероидите“.
The revolution will be televised! March 31st ? pic.twitter.com/Dcy6d2zIEF
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) January 21, 2018
„Минатата недела имав 20 рунди во вежбалната, нешто што не го правев ниту за Кличко. Има уште 11 недели до мечот, но сега сум чекор поблиску. Научив од искуството, но и малку ги сменив работите – диетата, тренингот. Почнувам со тренинг во 18 часот и не завршувам до 22. Во 12 легнувам, а станувам во 6.30, кога почмнувам да јадам. Единствен луксуз кој си го приуштив се попладневните дремки“, вели Џошуа.
Uncut 98% Pure ?? #AJBXNG pic.twitter.com/AOMDQqfFfF
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) January 19, 2018