Top Sport

Миркуловски: Никако да го направиме клучниот чекор

По повредата на Кирил Лазаров, „товарот“ за нападот во македонската репрезентација прејде на искусниот Филип Миркуловски, кој имаше одлична партија против Чешка, но не штедеше на критики по големата пропуштена шанса.

„Сè на сè, добро одигравме, сè до таа 57. минута, кога паднавме и направивме лоши грешки. Имавме голема шанса за историски резултат – имаме квалитет имаме публика, имавме и среќа, но… Ни недостасува карактер, што е пресудно за вакви првенства. Никако да го направиме клучниот чекор напред. Утре ќе одиграме како што можеме, големата шанса е пропуштена“, изјави Миркуловски.

Мрква не „уништи“, Чесите не „спуштија“ за три минути (видео)

Scroll to Top