Словенија остана со можност за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска, откако ја шокираше Шпанија со 31:26, и сега ќе навиваат против Македонија во вечерашниот дуел со Чешка за да обезбедат место меѓу четирите најдобри.
Тимот на Веселин Вујовиќ почна фуриозно, со многу голови и со одличниот Кастелиц на голот (осум одбрани) за водство од 5:2. Шпанците вратија со своја серија за да направат мини-пресврт за 8:6 водство, но до крајот на полувремето, „фуријата“ заостануваше еден гол (13:12). Словенските ракометари повторно имаа одличен старт на второто полувреме правејќи разлика од пет гола, а по 44 минути игра беше 24:18.
Mackovsek scores an in-flight goal during the last minute of the first half against Spain #SLOESP ?? vs ??@RFEBalonmano @rzs_si pic.twitter.com/pt6o5cWTUg
— EHF EURO (@EHFEURO) January 23, 2018
Гашпар Маргуч беше најефикасен кај Словенците со пет гола, додека четири уфрлија Блаж Благотиншек и Борут Мачковшек. Феран Соле имаше шест гола за Шпанија.
Со овие два бода, Словенија се израмнува со Македонија со три поени. Данска е прва со шест поени, Шпанија и Гемранија имаат по четири, така што сите комбинации се можни пред последното коло, но за тоа Македонија прво мора да ја победи Чешка вечерва.