„АС“ во денешното издание се појави текст во кој се тврди дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сметал дека Еден Азар и Винисису Жуниор не можат да бидат компатибилни на теренот. Во текстот пишува дека тоа може да претставува проблем за „кралскиот клуб“.
Прашање е какви одлуки ќе носи Зидан кога ќе продолжи сезоната бидејќи Азар целосно се рехабилитира од повредата. Белгиецот за кого Реал издвои 100 милиони евра од почетокот на сезоната најпрвин имаше проблем со вишокот килограми, а потоа и со повредите.
Од друга страна Винисиус Жуниор редовно играше.
Реал Мадрид се надеваат дека може да ја освојат титулата кога ќе продолжи Ла Лига. На 11 кола до крјаот Реал има два бода помалку од Барселона.