Top Sport

Тотенхем парично го казнија Серж Орие

Тотенхем го казни десниот бек Серж Орие бидејќи три пати ги прекршил правлата за социјално дистанцирање. Клубот парично со 150.000 евра го казни репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска

Орие пред неколку дена на „Инстаграм“ објави фотографија со својот фризер Џастин Кар. Орие ги прекршил карантинските правила бидејќи го повикал фризерот во својот дом. Сакал да има нов фризура кога ќе им се врати на тренинзите.

Претходно тој два пати веќе ги прекршил правилата за социјално дистанцирање. Најпрвин бил забележан како трча заедно со свој пријател, а потоа на „Инстсаграм“ поставил видео како во парк тренира заедно со соиграч од Тотенхем.

Орие е познат по проблематичното однесување. Во мај 2016 година, додека беше играч на ПСЖ, добил условна затворска казна бидејќи пред ноќен клуб удрил полицаец.

Три месеци претходно ПСЖ го казниле со 180.000 евра бидејќи на соиграчите Анхел Ди Марија, Ван дер Вил, Салваторе Сиригу, Златан Ибрахимовиќ и тренерот Лоран Блан им напишал навредливи пораки.

Scroll to Top