Top Sport

„Де Брујне е најдобар играч во Премиерлигата“

Маурисио Покетино пет години го предводеше Тотенхем, имаше можност да го тренира Хари Кејн, меѓутоа не смета дека напаѓачот е меѓу тројцата најдобри играчи во Премиерлигата.

Покетино нема дилема дека најдобрите двајца во Премиерлигата се играчи на Манчестер сити.

„Де Брујне е број 1, Агуеро број 2“, рекол Покетино и продолжил.

„Не знам кој е зад нив. Можеби Роберто Фирмино? Тука има уште сто играчи за кои можеме да разговараме“.

Кевин Де Брујне од 2015 година е играч на Манчестер сити. Досега не ја добил наградата за играч на сезоната.

Scroll to Top