Хјеонг Чунг со максимална победа од 3:0 (6:4, 7:6, 6:3) над Американецот Тенис Сандгрен избори пласман во полу-финалето на Австралија опен.
Тенисерот од Јужна Кореја го напртави најголемиот усоех во кариерата, а за пласман во финалето ќе се боди против победникот од полу-финалето помеѓу Томаш Бердих и Риоџер Федерер.
Првиот сет донесе резервирана игра на двајцата тенисери и брејк во раната фаза на сетот за Чунг. Вториот сет беше клучен за исход на мечот, тука се водеше најголемата борба, а во тај-брејкот повторно го освои тенисерот од Јужна Кореја.
Во третиот сет Чунг успеа да направи брејк во четвртиот гем, а потоа со сигурна игра ја сочува предност и се озбори за најголемиот успех во кариерата.