Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини во својата нова автобиографија го критикуваше и својот „верен“ партнер во одбраната на „бјанконерите“, Леонардо Бонучи за одлуката во 2017 да потпише за Милан: „Разбирам да сакаше да отиде во Реал Мадрид, но во Милан?“.
Бонучи се врати во Јувентус по само една сезона кај „росонерите“, но многу навивачи на Јувентус му замеруваа за прославата по голот кој го постигна против Јувентус.
„Неговата година во Милан беше навистина поинаква. Тоа секако беше погрешна одлука, бидејќи тој не беше смирен самиот со себе и не играше со чиста глава. Лео беше потресен поради многу причини, делумно приватни, делумно во клубот. Се чувствував лошо поради тоа што не се гледавме често. Тоа беше одлука без логика од почетокот до крајот. Ќе разберев да сакаше да отиде во Реал Мадрид, но во Милан? За среќа, судбината сакаше бргу сè да се врати во нормала“, пишува Кјелини.