Top Sport

Вудхаус: Гигс е најпреценетиот фудбалер во Премиер лигата

Рајан Гигс е „неверојатно преценет фудбалер на Манчестер јунајтед“, вели поранешниот фудбалер на Шефилд јунајтед и Бирмингем сити, Кертис Вудхаус.

Вудхаус, кој сега е менаџер на нисколигашот Гејнзборо тринити, признава дека не бил ниту блиску до нивото на Гигс, но додава дека сегашниот велшки селектор го ценеле премногу и покрај тоа што индивидуално тој не не направил ништо посебно.

„Рајан Гигс е уште еден неверојатно преценет фудбалер на Манчестер јунајтед. Неверојатна долговечност, но во тим кој доминираше со години, неговата статистика е ужасна. Тоа е уште еден мит на Манчестер јунајтед, само добар фудбалер, ништо друго. Гигс има 162 асистенции и 109 гола во 22 години во Премиер лигата, и рушеше рекорди само бидејќи беше во тимот. Тој беше лево крило, а имаше статистика како лев бек“, пишува Вудхаус.

Тој го спореди Гигс со Герет Бејл и Трент Александер-Арнолд, велејќи дека двајцата се супериорни во однос на него.

„Да, Бејл е многу подобар од Гигс, имаше поголемо влијание во клупскиот и интернационалниот фудбал. Гигс нема ниту еден атрибут кој го има Бејл. ТАА е поголема закана во нападот отколку што беше Гигс во 22 години иако е бек“, додава Вудхаус.

Scroll to Top