Top Sport

Тајсон „ретро“ – кога „Челичниот“ немаше слушнато за Манчестер сити (видео)

На Интернет повторно стана вирално видеото во кое боксерската легенда Мајк Тајсон тврди дека никогаш не слушнал за Манчестер сити, и дека знае само дека постои Манчестер јунајтед.

Интервјуто од 2013 година Тајсон го дава покрај уште еден поранешен боксерски шампион, Рики Хетон, кој иронично е огромен навивач на Манчестер сити и пред своите мечеви ја пушташе химната на „граѓаните“ „Blue Moon“.

Во интервјуто Тајсон открива дека и покрај тоа што поминал доста време во Манчестер, каде што во 2000 имаше и меч против Џулиус Френсис, едноставно не знаел дека постојат два тима.

Сепак, само две години подоцна, Тајсон беше фотографиран со дрес на Манчестер сити, така што сигурно Хетон му објаснил што значи клубот за навивачите.

Scroll to Top