Газдата на тимот на Рејсинг поинт, Лоренс Строл ќе инвестира 200 милиони фунти во следните пет години во својот тим, кој ќе стане Астон Мартин од следната сезона.
Канаѓанецот Строл, кој го предводи конзорциумот кој го спаси тимот од пропаст во 2018 година, оваа година купи 25 отсто акции во британскиот производител на спортски автомобили Астон Мартин и како дел од договорот од 2021 неговиот Ф1 тим ќе го носи славното име.
Според британските финансиски медиуми, на 17 февруари, Рејсинг поинт постави акции во вредност од 200.000.000 фунти, кои ќе бидат инвестирани во тимот, откако Астон Мартин имаше загуби од 104 милиони фунти минатата година.