Тимот на македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски, големиот Лидс јунајтед, кој последните години е „заглавен“ во втората лига, го објави своето ново лого, кое предизвика лутина кај дел од фановите.
Тимот од Чемпионшип објави дека по шест месеци истражување и 10.000 консултации го избраа новото лого, а реакциите одат од тоа дека тоа личи на школски клуб за боречки вештини, или нова инкарнација на „Хитлер југенд“. Сепак, најголемата забелешка е дека грбот всушност претставува фудбалер кој го покрива грбот на својот клуб.
Од Лидс објавија дека новиот грб е „подготвен“ за следните 100 години. Лидс, инаку, е клубот во втората лига со најскапи билети.
6 months of research
10,000 people consulted
Ready for the next 100 yearsWatch video ➡️ https://t.co/rIIdL2Yz9F pic.twitter.com/pMrd3zTjCl
— Leeds United (@LUFC) January 24, 2018