Хавиер Маскерано се збогуваше со своите колеги од Барселона, откако неговиот трансфер во Хебеи Кина беше потврден на посебна церемонија во Каталонија.
33-годишниот Аргентинец, кој дојде во Барса од Ливерпул во 2010 година имаше 334 настапи за клубот, освојувајќи 18 титули, од кои две во Лигата на шампионите.
„Иако беше донесен како дефанзивен играч од средниот ред, Маскерано беше столб на нашата одбрана и заврши фантастична работа. Само три странци имаат повеќе натпревари од него во Барса – Лео Меси, Филип Коку и Дани Алвеш“, се вели во соопштението на Барселона.
#ThankYouMasche
14 reasons not to forget @Mascherano
?? pic.twitter.com/HMErzR97y1— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 24, 2018
Самиот Маскерано вели дека соблекувалната на клубот била клучна за сите успеси.
„Соблекувалната беше нашата тајна. Кога пристигнав, мислев дека ќе забележам тешка група на луѓе, бидејќи се работеше за одлични фудбалери кои имаа освоено многу. Но, наидов на спектакуларна група на луѓе кои беа клучни за успехот. Пујол, Чави и Виктор на почетокот. Имав среќа што играв со такви имиња“, вели Маскерано.
Барса потврди: Маскерано заминува по седум и пол години (видео)