Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Андре Драмонд оставил бакшиш од 1.000 долари во ресторанот „Че“ во Делреј Бич, каде што бил на ручек со семејството.
На сметката со износ од 164,25 долари, Драмонд оставил голем бакшиш и напишал: „Ви благодарам, бевте одлични“.
Случката ја раскажала келнерката Касандра Дијаз.
„Не можев да повредувам. Се тресев плачев од среќа поради бакшишот. Не знаев како да реагирам, не сакав да привлекувам внимание, но во исто време не можев а да не го опишам тој гест, гест на љубезност во овие несигурни времиња. Ти благодарам Андре“.
Рестораните на Флорида поради коронавирусот пред две недели започнаа со работа, но работата со 25 отсто од капацитетите.
Инаку Андре Драмонд оваа година според договор ќе заработи 27 милиони долари.