Лигата на шампионите ќе продолжи во август и ќе се игра во нов формат објави „Скај Спортс“. Форматот бил договорен за време на состанокот што го одржале УЕФА и Асоцијацијата на европските клубови.
Според „Скај Спортс“ најпрвин во август ќе се одиграат преостанатите четири реванши од осмина-финалето: Јувентус-Лион, Манчестер сити-Реал Мадрид, Барселона-Наполи и Баерн-Челси. Овие натпревари ќе се играат на 7 и 8 август.
Четврт-финалните пресметки се закажани за 13 и 14 август, ќе се игра еден натпревар и тоа на неутрален терен. Пласман во четврт-финалето имаат обезбедено Атлетико Мадрид, Аталанта, ПСЖ и Лајпциг.
Полу-финалните натпревари и финалето би се играле во Истанбул.