Аргентинскиот дефанзивец Пабло Алварез открива една интересна анегдота за дуелите со безвременскиот Роналдињо во Серија А.
Алварез помина три сезони како дефанзивец на Катанија, и на меч со Милан бил задолжен да го „маркира“ Бразилецот, и очигледно многу добро го правел тоа, по што добил молба од Роналдињо.
„По крајот на првото полувреме од Милан-Катанија на ’Сан Сиро’, заминуваме во соблекувалната, а до мене е Роналдињо. Тој го соблече дресот и ми кажа: ’Тома, Алварез, те молам не ме мавај повеќе’. Беше невозможно да го сопрам, тој беше во воздух, јас на земја. Дресот, нормално, уште го чувам“, вели Алварез.