Маркус Рашфорд тренира нормално со Манчестер јунајтед по опоравувањето од повредата и најавата за враќање на Премиер лигата, и на тренинзите во центарот во Керингтон пристигна како „шеф“ со нов посебно направен Мерцедес-АМГ Г63, кој наликува на тенк.
Се работи за возило кое стигнува до 100 км/ч за само 4.5 секунди и кое внатре има 4.0-литарски В8 мотор и фантастични 577 коњски сили. Стартната цена на возилото е 140.000 фунти во Англија, но тоа на 22-годишниот Рашфорд е засилено со повеќе подобрувања.
Напаѓачот на Јунајтед е познат по својата љубов за автомобилите, обично „теренци“. Кога почна да игра во првиот тим тој возеше Ауди РС4 (60.000 фунти), но бргу се префрли на Мерцедес, почнувајќи со ЦЛА 45 Купе (60.000 фунти). По ,ова тој возеше Мерцедес С класа купе (100.000 фунти), за да си купи и Ренџ Ровер Урбан (70.000 фунти).
Рашфорд доби посериозна повреда на грбот при 1:0 победата во ФА купот против Вулверхемптон на 15 јануари, но тој сега почна со тренинзи со „ѓаволите“.