Претседателот на Арсенал, Сер Чипс Кесвик се повлече од позицијата по седум години, потврдија од премиерлигашот. 80-годишниот Кесвик, кој е поранешен директор на Народната банка на Англија, е член на бордот на Арсенал од 2005 година.
Тој стана претседател во 2013 година, заменувајќи го Питер-Хил Вуд, и за време на неговото владеење во тимот, „топчиите“ освоија три ФА куп титули.
„Би сакале да му искажеме огромна благодарност за тоа што Сер Чипс го направи за Арсенал во последните 15 години. Неговото знаење на бизнисот го направи совршен директор на клубот“, изјавија сопственикот Стен Кренке и неговиот син, директорот Џош во објава на клубот.
По заминувањето на Кесвик, бордот на клубот ќе се состои од Стен и Џош Кренке, Филип Херис и Кен Фрајар.