Руската натпреварувачка во ритмичка гимнастика, Александра Солдатова знае како да остане на насловните страници и покрај тоа што спортот е во „карантин“, објавувајќи „жешко“ видео во кое игра тенис само во долна облека.
Солдатова, која е четирикратна светска и трикратна европска шампионка, постојано е активна на Инстаграм, каде што има над 430.000 следбеници.
21-годишната Солдатова во јануари очигледно ги сака сите спортови, откако во јануари објави видео на кое импресивно се снаоѓа и на лизгалки.
Сепак, Солдатова беше на насловните страници и поради проблеми во приватниот живот. Таа се бореше со булимијата, а оваа година руските таблоиди шпекулираа дека се обидела да се самоубие, иако тоа беше објаснето како несреќа во кујна.