Top Sport

Ветеранот Абало со сензационален трансфер во Елверум

Иако се веруваше дека по крајот на неговиот договор со Пари Сен-Жермен, 35-годишниот Лук Абало ќе замине во пензија, тој ја изненади француската јавност со одлуката да потпише едногодишен договор со норвешкиот Елверум.

Абало во средината на март изјави дека поради прекинатата сезона во Франција, се откажува од одлуката да се пензионира на крајот на 2019/20, и сега потврди дека ќе игра во норвешката лига. Абало освои европска титула со шпанскиот Сиудад Реал, по што со ПСЖ освои седум титули во француската лига.

Абало е првиот француски ракометар кој ќе игра во норвешкиот шампионат, и тоа во клуб кој доаѓа од градче од само 20.000 жители на север од престолнината Осло. Елверум ќе игра во Лигата на шампиони и ќе биде достапен на францускиот селектор Гијом Жиле.

Scroll to Top