Голема трагедија го погоди семејството на Џенаро Гатузо. Денес на возраст од 37 години починала неговата сестра Франческа.
Сестрата на Џатузо била хоспитализирана поради сериозни здравствени проблеми на 3 февруари. Тогаш Наполи гостуваше во Џенова кај Сампдројија, а Гатузо веднаш по натпреварот заминал во Варезе каде неговата сестра била оперирана.
Гатузо тогаш неколку дена престојувал во местото Галарате крај Милано, во провинцијата Варезе, каде што живеела неговата сестра.
Денес тренерот на Наполи ја дознал тажната вест во тренинг центарот на Наполи Кастел Волтурно.
Поранешни соиграчи и клубови на социјалните мрежи изразуваат сочувство до Гатузо и семејството.