Top Sport

Блатер: Американците ја бараа мојата глава

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер рекол дека бил притисната од Американците да поднесе оставка на функцијата.

Блатер ја напушти функцијата на денешен ден во 2015 година. Оставката ја поднесе иако неколку дена претходно тој беше повторно избран за претседател на ФИФА.

Швајцарецот открива дека бил принуден на поднесе оставка.

„Ми кажаа, твојата глава мора да падне“, изјавил Блатер за швајцарските медиуми.

Токму американските власти ја истражуваа корупцијата во ФИФА во времето на Блатер. На чело на ФИФА Блатер се наоѓаше од 1998 до 2015 година.

Тој доби забрана да врши функции во фудбалот поради сомнителната исплата од два милиони долари на тогашниот претседател на УЕФА Мишел Платини.

Scroll to Top