Јувентус се заинтересирани Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах. Маркус е син на поранешниот фудбалер на „старата дама“, Лилијам Турам.
Младиот Турам оваа сезона игра одлично, како и целиот тим кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. Тој го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови, а според шпекулациите најзаинтересирани се од Јувентус.
Младиот Турам минатото лето од Генган се пресели во Борусија за девет милиони евра. Се претпоставува дека минималната цена на 23 годипшниот напаѓач сега изнесува 25 милиони евра.
Таткото на Турам го носеше дресот на Јувентус од 2001 до 2006 година.
Покрај Јувентус од Серија А за Турам биле заинтересирани Интер, Рома и Фиорентина.