Парите ќе имаат клучна улога во трансферот на Калиду Кулибали. Играчот на Наполи веројатно ќе го одбере клубот кој ќе му понуди најголема плата.
Сенегалецот од Наполи е интересен за неколку тимови, Тотенхем и Ливерпул стојат во редот, меѓутоа тој ќе го одбере ПСЖ.
Самиот открил дека ќе се пресели во клуб кој ќе му понуди најдобри финансиски услови. Тука Ливерпул и Тотенхем не можат да се натпреваруваат со ПСЖ.
Куливали во Наполи има годишна плата од шест милиони евра. Јасно е дека ПСЖ може да му понуди многу повеќе.
Исто така Кулибали сакал да се преслеи во Париз бидејќи таму има куќа, го знае јазикот и сигурно е дека во таа средина полесно би се снашол.