Реал Мадрид во летниот преоден рок сака своите редови да ги засили со фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо тврди „АС“.
Санчо зад себе има две неверојатни сезони во дресот на „милионерите“ од Дортмунд, стана стандарден репрезентативец на Англија, поради што се наоѓа на спискот на желби на најбогатите клубови во Премиерлигата. Најчесто се поврзува со Манчестер Јунајтед.
Во трката сега влегува и Реал иако од Мадрид неколку пати тврдеа дека поради економската криза што ја предизвика коронавируст нема да бидат активни на трансфер пазарот ова лето.
Прашање е само колкава сума за својот фудбалер ќе бараат луѓето од Дортмунд.
„Џејдон е желба на Манчестер Јунајтед. Тие имаат желба од Санчо да биде новиот Кристијано Роналдо. Откако Португалецот си замина во 2009 година Јунајетд не успеаја да пронајдат сличен талент, поради тоа нема лесно да се откажат од него. Луѓето од Јунајтед во февруари беа во Германија и понудија 14 милиони евра но таа сума Борусија ја одби“, наведува „АС“ во својот текст.
„АС“ резимира дека малку клубови финансиски можат да си го дозволат трансферот на Санчо и дека борбата за неговиот потпис ќе се води помеѓу Реал и Манчестер Јунајтед.