Фудбалерот на Њукасл Јунајтед Метју Лонгстаф кариерата би можел да ја продолжи во Серија А. Интерес за 20 годишникот покажал Удинезе. Договорот на Лонгстаф истекува ова лето, што ќе се обидат да го искористат од Удинезе за да годонесат на „Фриули“.
Удинезе биле подготвени да му понудат на лонгстаф пет годишен договор, според кој би заработувал 30.000 фунти неделно. Наводно Удинезе биле подогтвени да му дадат одреден бонус само са потпис на договорот.
Удинезе е во сосптвеност на семејството Поцо. Ова семејство во своја сопственост го има и Вотофорд. Поради „Скај Спортс“ тврди дека евентуалниот трансфер на Лонгстаф во Удинезе ќе биде попатна станица на неговиот пат кон Вотофорд.
Талентираниот фудбалер оваа сезона има одиграно 12 натпревари за Њукасл, на кои постигнал три гола.
Инаку неговиот брат Шон исто така игра за Њукасл, а за него подолг период се интересира Манчестер Јунајтед.