Интернационалната федерација за кревање товар (ИВФ) потврди дека трикратната светска шампионка Надежда Евстјухина, Олег Чен и Давид Беджанјан имале позитивни тестови на иста супстанција, во уште еден допинг-скандал кој го одбележува рускиот спорт.
Тројцата натпреварувачи биле позитивни на дехитрохолорметилтестостерон, анаболички стероид. 32-годишната Евстјухина, која замина во пензија, беше суспендирана од август минатата година поради друго прекршување на анти-допинг правилата. Во 2016, таа го загуби бронзениот медал во категоријата до 75 килограми од ОИ во Пекинг во 2008 по повторното тестирање на нејзините примероци.
Чен е трикратен освојувач на сребро на Светските првенства во категоријата до 69 килограми, додека Беджанјан имаше две сребра и една бронза на СП во категоријата до 105 килограми. Претседателот на руската федерација, Максим Агапитов, изјави дека се работи за ретестирање на примероци од 2015 година.