Top Sport

Андонова останува во Леванте барем уште една сезона

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова го продолжи договорот со Леванте на една година, со опција за уште една сезона со клубот од Валенсија.

26-годишната Андонова пристигна во Леванте од Барселона, а претходно играше и во германскиот Турбине Потсдам, шведскиот Розенгард и францускиот Пари Сен-Жермен.

Сезоната 2019/20 во Примера дивизион феменина беше прекината минатиот месец поради пандемијата на корона вирусот. Барселона ја доби титулата откако имаше девет поени предност пред Атлетико Мадрид, додека Леванте беа на третото место, пропуштајќи шанса за пласман во Лигата на шампиони.

Scroll to Top