Левиот бек на Лестер Бен Чилвел изразил желба во летниот преоден рок да се пресели во Челси, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Чилвел знае дека тренерот на Челси Френк Лампард има желба го донесе на „Стенфорд Бриџ“ и нема да се противи доколку клубовите се договорат. Доколку не успеат преговорите со Лестер тогаш алтернатива ќе биде Николас Таљафико од Ајакс.
„Сините“ од Лондон досега се најактивни на фудбалскиот пазар, веќе обезбедија две супер-засилувања. Од наредната сезона за Челси ќе играат Хаким Зијеш и Тимо Вернер.
Инаку доколку Чилвел се пресели во Челси тогаш тренерот на Лестер Брендан Роџерс ќе се обиде да го донесе Киран Тирни од Арсенал.