Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон за два дена ќе наполни 40 години и навести дека би сакла да игра и наредната сезона.
Буфон потенцирал дека во предвид доаѓа само нов договор со Јувентус, во спротивно следува крај на импресивната кариера.
„Наскоро ќе седнам со претседателот Андреа Ањели и ќе поразговараме на оваа тема. Гп сакам она што е најдобро за тимот, да видиме каква облека ќе носам, дали Јувнетус мисли дека и можам да бидам важен дел од тимот. Би сакал да продолжам, но најдобро е да најдам решение во договор со клубот, тоа е логичен и заеднички пат. Секако не сакам да преставувам проблем за клубот и соиграчите“, рекол Буфон и дополнил.
„Дали ќе одам на друго место доколку не ми биде понуден договор? Или Јувентус или ништо“, истакнал легендарниот голман.
Буфон кариерата ја започна во Парма, а член на Јувентус е од 2001 година. За „Старата дама“ има одиграно 638 натпревар, додека за Италија, со моја стана светски првак во 2006 година, има одиграно 175 натпревари.