Top Sport

Федерер не се ни испоти, Чунг го предаде полуфиналето

Роџер Федерер се пласира во финалето на Австралија опен откако при водство 6:1, 5:2 ривалот од Јужна Кореја Хјеон Чунг му го предаде мечот.

Швајцарецот од почеток на мечот доминираше на теренот, беспрекорно сервираше и со леснотија ги освојуваше поените. Во првиот сет трипати му го одзеде сервисот на противникот и експресно го доби сетот со 6:1.

Во овој дел од мечот, при водство на противникот 4:1, Чунг побара медицински тајм-аут.

Според слично сценарио се одвиваше и вториот сет, Чунг, кој на патот до полуфиналето ги елиминираше Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ, немаше одговор за играта на Швајцарецот.

При водството на Федерер од 5:2 Чунг едноставно застана, не можеше повеќе да се движи и го предаде мечот.

Федерер в недела во финалето против Марин Чилиќ ќе се бори за својата 20. гренд слем титула. Хрватот од друга страна ќе се обиде да ја освои втората титулата на гренд слем турнирите.

Scroll to Top