Фудбалерот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц влезе во историјата на Бундеслигата. Баер во дербито го пречека Баерн Минхен, а Вирц со 17 години и 34 дена стана најмладиот играч на фармацевтите кој настапил во Бундеслигата.
Во претпоследната минута од натпреварот Вирц постигна гол и го постави конечниот резултат 2:4 со што стана најмладиот стрелец во историјата на Бундеслигата.
Инаку Вирц во Леверкузен пристигна од младинскиот погон на Келн.