Top Sport

Фиорентина го пушта Киеза

Претседателот на Фиорентина Роко Комизо рекол дека доколку сака Федерико Киеза може да го напушти клубот.

„Доколку Киеза сака да си оди, може да си оди, но само за сума која ќе ја одреди клубот. Ситуацијата со Гаетано Кастровили е поинаква бидејќи тој ми кажа дека сака да остане. Доколку Киеза замине тој ќе ја добие десетката“, рекол Комизо.

Голем број на клубови се заинтересирани за крилниот напаѓач, Фиорентина се уште не ја одредиле цената за Киеза. Се шпекулира дека таа нема да биде помала од 60 милиони евра.

Scroll to Top