Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, сепак, ќе ја прифати понудата да игра во втората АБА лига следната сезона, тврди градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
АБА лигата неодамна покани две македонски екипи во втората АБА лига, која ќе се состои од по две екипи од поранешните југословенски републики, а постои можност МЗТ Скопје да заврши во главната АБА лигата по проблемите со лиценцата на словенечкиот тим Приморска. Во овој случај, Македонија би добила уште еден АБА2 тим, Гостивар или Блокотехна.
Доколку, ова сепак, не е се случи, тогаш ќе биде возможно да гледаме македонско дерби и во регионалното натпреварување.
Фото: КФМ