Поранешниуот главен инженер во тимот на Лотус, Рикардо Пентадо, смета дека доколку се родел 20 години порано Кими Раиконен бил бил рекордер според бројот на шампионските титули во Формула 1.
Кими Раиконен има една титула во кариерата, тој беше шампион со Фераро во 2007 година. Ова е последната титула во конкуренција на возачи која ја освоил славниот тим од Маранело.
„Да се родеше 20 години порано Раиконен ќе имаше осум титули. Потребен му е само алата и малку информации за да биде брз. Природно е талентиран и точно знае како да добие на времето со балансот на својот болид“, рекол Пентадо.
Раиконен и Пентадо соработувале во Лотус во 2012 и 2013 година. Поранешниот инженер на тимот вели дека соработката не била лесна.
„Ми беше тешко да му се прилагодам. Му требаа десет трки за да запамти дека се викам Рико (прекарот на Петадо). Во првите трки едноставно ќе викнеше: ‘Еј моторот, моторот…’ кога ќе се случеше нешто со моторот. За првата трка не беше подготвен, воопшто не знаеше за што служат копчињата на воланот“.
Кими Раиконен од минатата сезона е возач на Алфа Ромео.