Талентираниот Хари Вилсон ќе остане во Борнтмут. Вилсон е играч на Ливерпул кој од оваа сезона е на позајмица во Бортнмут.
Ливерпул се согласиле да го остават фудбалерот во Бортнмут иако неговото име најчесто се поврзуваше со оние кои ќе го напуштат „Енфилд“ по завршувањето на сезоната. Се шпекулираше дека Ливерпул за него ќе прифатат понуда од 20 до 25 милиони евра.
Сезонава Вилсон за Бортнмут има одиграно 27 натпревари во сите натпреварувања, постигнал седум гола. Интересно тој само три натпревари одиграл од почеток до крај.