Top Sport

Ваков изговор не сме чуле досега – утнал пенал бидејќи немало публика (видео)

Напаѓачот на Аугзбург, Флоријан Нидерлехнер вели дека во неделата утнал пенал при 1:1 ремито со Келн само бидејќи на трибините немало публика.

Ударот на Нидерлехнер беше одбранет од голманот Тимо Хорн во 27. минута, и 29-годишниот напаѓач вели дека „атмосферата за духови“ на „Аугзбург арената“ му отежнала во изведувањето.

Кога Нидерлехнер се доближи до топката, фудбалер на Келн му кажа на Хорн дека напаѓачот сака да шутира во десниот агол. Кога го слушнал тоа, Нидерлехнер решил да ја смени страната и згрешил.

„Направив најголема грешка како изведувач на пенали. Мојот агол е десниот, секогаш! Но, дозволив ситуацијата да влијае на мене. Често бев херој, денеска будала“, вели Нидерлехнер.

https://topsport.mk/fudbal/dramatichno-remi-megju-augzburg-i-keln-video/
Scroll to Top