И Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор имаат искуство со „лажните“ пензии во минатото, но сега американската боксерска легенда го предизвика Мекгрегор на реванш во боксерскиот ринг.
Мекгрегор овој викенд предизвика бура на реакции со најавата дека се повлекува од УФЦ шампионатот велејќи дека веќе му е здодевно да чека вистински меч, но доби порака од Мејведер дека е можен втор меч по супер-богатиот дуел од август 2017, кој Мејведер победи со нокаут.
„Ако не грешам, ти му кажа на Мајк Тајсон дека ќе ме победиш ако имаме втор меч? Сега се откажуваш. Мислев дека сакаш да ги победиш најдобрите? Ако решиш да се вратиш, тогаш те чекам за повторно да те казнам“, напиша Мејведер на Твитер.
Мекгрегор е еден од УФЦ фајтерите кои се побунија против федерацијата поради малите суми кои ги добиваат за мечевите во споредба со боксот и другите спортови. Мејведер најмногу пари во кариерата заработи токму во боксерскиот ринг, бидејќи дуелот со Мејведер доби 5 милиони плаќања за пеј-пер-вју. Останува да видиме дали парите ќе бидат доволни за организирање на меч.
Floyd Mayweather says he’ll be waiting if Conor McGregor comes back ? pic.twitter.com/kiyNLWSEnz
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) June 8, 2020