Евертон потврдија дека склучиле партнерство вредно 10 милиони фунти по сезона, со кое компанијата за продажба на половни автомобили „Казу“ ќе биде нивни нов спонзор на предниот дел од дресот.
„Карамелите“ потпишуваат договор на три години, со што „Казу“ ќе го замени „Спорт песа“ на дресот и интересно, тие се единствениот британски бренд кој е спонзор на премиерлигашки клуб. „Казу“ е во сопственост на милијардерот Алекс Честермен, кој своето богатство го направи на дигиталните платформи.
„Презадоволни сме што сме партнери на Евертон, семеен клуб со огромно наследство и лојални навивачи. Со овој потег ќе се зголеми видливоста на нашиот бренд“, изјави Честерман.