Top Sport

Субашиќ си заминува од Монако

Херојот на хрватската репрезентација од Русија 2018, голманот Даниел Субашиќ потврди дека си заминува од Монако по осум години во кои играше од втората француска лига до Лигата на шампионите.

„Благодарам многу Монако за остварувањето на сонот. Секогаш ќе бидам дел од вас. Од јануари 2012 и освоеното првенство, до Втората лига, четврт-финалето на Лигата на шампиони, повеќе од 300 натпревари, дојде време да кажам збогум и благодарам“, напиша 35-годишниот голман, кој последните две сезони се мачи со повреди.

Не е познато дали Субашиќ ќе ја продолжи кариерата, откако имаше понуди од Саудиска Арабија.

Scroll to Top