Претседателот на Римини, Џорџо Граси си поднесе оставка во протест на одлуката неговиот клуб да испадне во четвртата италијанска лига, Серија Д, и тоа со помош на алгоритам, каков што може да се примени и во Серија А доколку лигата не се доигра.
Римини, заедно со Гоцано и Риета, испаднаа од Серија Ц денеска бидејќи беа последнопласирани во своите групи во Серија Ц. Меѓутоа, Римини испаднаа иако имаа ист број на поени и еднаква гол-разлика како претпоследнопласираните Фано. Меѓу 11-те преостанати кола, Римини требаше да ги пречека Фано.
Граси вели дека си заминува од позицијата претседател на клубот по четири и пол години, во кои честопати беше на насловните страници – прво го откупи клубот финансиран од крипто-валуто, а потоа му понуди место на Лорис Кариус по фијаското на голманот со Ливерпул во финалето на ЛШ во 2018.