Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери ги отфрли шпекулациите дека францускиот клуб се соочува со заминување на Нејмар на лето во Реал Мадрид, велејќи дека Бразилецот ќе стане најдобриот играч на светот во „градот на светлината“.
ПСЖ плати рекордни 222 милиони евра за 25-годишниот Нејмар во август, но шпанските медиуми постојано зборуваат дека Реал Мадрид подготвува „напад“ со 300 милиони евра на крајот на сезоната. Емери не верува во тоа.
„Нејмар ќе стане најдобриот играч на светот и ќе биде тука во Пари Сен-Жермен. Сигурен сум во тоа. Не го донесовме за една сезона“, вели Емери.
Наводно, спротивно на советите од неговиот татко Нејмар Сениор, Нејмар беше убеден од проектот на катарските шеици во Париз за да излезе од сенката на Лионел Меси. Неговиот талент останува несомнен, а 24 гола во 23 настапи за ПСЖ во Лига 1 и Лигата на шампионите велат дека експериментот оди добро.
Меѓутоа, многу фактори се против парижаните, како љубовта од фановите, која се покажа како „љубов со резерва“ откако тој беше исвиркан при победата од 8:0 над Дижон и покрај тоа што постина четири гола и асистираше на уште два. Конфликтот со Уругваецот Единсон Кавани тука кулминираше, бидејќи во тој меч Кавани можеше да го помине рекордот на Златан Ибрахимовиќ со пенал во финишот на натпреварот.
Ќе дадеш ваков гол и ќе те свиркаат? Само во Франција (видео)