Top Sport

Ќе дадеш ваков гол и ќе те свиркаат? Само во Франција (видео)

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Томас Муние им порача на навивачите кои го свиркаа Нејмар при победата од 8:0 над Дижон дека се „срамота“ за клубот.

Нејмар постигна фантастични четири гола, од кои еден беше по спектакуларен соло слалом за неверојатна победа на „Паркот на принцовите“, но дел од навивачите му свиркаа кога одби да му дозволи на Единсон Кавани да го изведе пеналот за осмиот гол на тимот и покрај тоа што на Уругваецот му недостасуваше само еден гол да стане најдобар стрелец во историјата на тимот со 157 гола.

Муние вели дека е не-фер да се реагира на таков начин, посебно по таков меч.

„Го сфаќам разочарувањето, но тоа беше навистина срамотен потег од фановите. Ако сакате да го свиркате, зошто се радувате кога ќе помине четири дефанзивци и ќе даде гол?“, вели Муние.

Ова не е првпат Нејмар и Кавани да влезат во конфликт поради изведување на пенали, откако во септември, поранешниот напаѓач на Наполи не му дозволи на Нејмар да изведе пенал против Лион, пред голманот да му го одбрани пеналот. По ова се стигна до „согласност“ во соблекувалните дека Нејмар е тој кој ќе изведува пенали.

„Тоа е детаљ. Кога ќе го погледнете резултатот, не е важно дали гол ќе даде Нејмар или Еди. Сите знаеме дека Еди ќе го сруши тој рекорд, но Нејмар е тој што изведува пенали“, објаснува Муние.

Нејмар броеше до четири, ПСЖ до осум против Дижон (видео)

Scroll to Top