Фудбалерот на Реал Мадрид Начо Фернандез се здобил со повреда на мускулот објави клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
Реал не соопшти колкав период ќе биде без дефанзивецот, а според медиумите Начо ќе паузира помеѓу две и три недели.
Сигурно е само дека тој ќе ги пропушти воведните натпревари што ќе ги одигра Реал кога сезоната ќе биде рестартирана.
Реал Мадрид во недела ќе го пречека Еибар.