Top Sport

И Мадрид го сака финалето во Лигата на шампионите

Градоначалникот на Мадрид Хосе Луис Мартинез-Алмеида рекол дека градот е подготвен да го организира финалето во Лигата на шампионите. Лани финалето во Лигата на шампионите се одигра на „Ванда Метрополитано“, стадионот на Атлетико Мадрид.

Градоначалникот за „13ТБ“ рекол дека се водат разговори финалето, односно планираниот завршен турнир, да биде одигран во шпанската престолнина.

УЕФА најверојатно на 17 јуни, на состанокот на Извршниот одбор, најпрвин треба да реши како ќе заврши Лигата на шампионите, а потоа и да го одреди домаќинот. Засега најсериозен кандидат за финалето кое е планирано за август е Лисабон.

Шпанија е една од најпогодените земји со пандемијата на коронавирусот, но постепено ги ублажува рестриктивните мерки. Фудбалската сезона ќе продолжи на 11 јуни, а се најавува дека завршницата од сезоната ќе може да се игра и пред одреден број на гледачи.

Scroll to Top