Top Sport

Боатенг: Оставете го Обамејанг на мир

Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин-Принс Боатенг застана во одбрана на Пјер-Емерик Обамејанг, откако неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во Арсенал стана „епски“ по новата расправија со германскиот тим.

Самиот Боатенг има доста искуство со конфликти во своите тимови, но вели дека критиките кон Обамејанг се „нефер“.

„Го познавам многу добро и тој ми е добар пријател. Треба да седнат со Дортмунд и јасно да кажат што сакаат. Никој не смее да заборави колку добар играч е тој и колку даде на Борусија. Погрешно е сите да го напаѓаат него“, вели Боатенг.

Обамејанг дојде во Дортмунд во 2013 година и постигна 141 голови во 212 натпревари за БВБ, но оваа сезона трипати беше суспендиран поради дисциплински проблеми.

Арсенал се заинтересирани да го донесат репрезентативецот на Габон во Лондон, но иако личните услови се договорени, Дортмунд ја отфрли понудата од 58 милиони евра и бараат 70 милиони.

Hate me or love me ?????????????#aubameyang

A post shared by Aubameyang (@aubameyang97) on

Обамејанг има договор до 2021 година, а легендата на клубот Ларс Рикен, кој го предводеше БВБ до титула во Лигата на шампионите во 1997 година, вели дека однесувањето на Обамејанг е разочарувачки.
„Тоа е срамота. Не знам дали има играч во Борусија Дортмунд кој постигнал повеќе голови и освоил повеќе натпревари за Борусија. Вистинска штета што работите завршуваат вака“, вели Рикен.

Scroll to Top