Top Sport

Ајнтрахт на второто место во Бундеслигата (видео)

Ајнтрахт Франкфурт ја помина Борусија Менхенгладбах на второто место во Бундеслигата во петокот навечер по 2:0 победата на „Комерцбанк“ арената.

Домаќините победија благодарение на голот на Кевин-Принс Боатенг во 43. минута и на замената Јовиќ во 92. минута, додека Торган Хазард пропушти шанса да израмни за Менхенгладбах од белата точка во 78. минута, откако ја погоди пречката.

Франкфурт сега имаат 33 поени, 14 помалку од првопласираниот Баерн Минхен, додека Менхенгладбах се шести со 31 поен (поради послабата гол-разлика од Баер Леверкузен, Шалке и Лајпциг со ист број на поени).

Scroll to Top