Top Sport

Заврши сезоната за Роџер Федерер

Тенисот полека се враќа по пандемијата на коронавирусот, меѓутоа оваа сезона заврши за Роџер Федерер. Швајцарецот утрово преку „Твитер“ ги информираше своите фанови дека повторно ќе мора да го оперира десното колено.

„Драги навивачи се надевам дека добро и дека сте здрави. Пред неколку недели додека се рехабилитирав почувствував нелагодност, повторно ќе морам да го оперирам десното колено. Планирам кога ќе се вратам да бидам целосно здрав за да можам да играм на највисоко ниво. Ќе ми недостигаат навивачите и турнирите. Со оптимизам гледам на 2021 година“, напишал Федерер.

Федерер од почетокот на сезоната одигра само еден турнир. На Австралија опен стигна до полу-финалето каде загуби во три сета од Новак Ѓоковиќ.

Прашање е дали новата операција и процесот на рехабилитација ќе значи и крај на кариерата за според многумина најдобриот тенисер на сите времиња.

Scroll to Top