Европската ракометна федерација (ЕХФ) поврди дека Вардар има обезбеден пласман во наредната сезона во Лигата на шампионите. Специјална покана од ЕХФ за настап во елитното натпреварување ќе чека Еурофарм Пелистер.
Вардар е еден од десетте тимови кои обезбедија место во Лигата на шампионите за сезоната 2020/2021. Покрај црвено-црните во елитата ќе играат: Кил, Фленсбург, ПСЖ, Веспрем, Кјелце, Барселона, Алборг, Загреб и Порто.
Во групата на тимови кои се надевата дека ќе добијат специјална покана покрај Еурофарм Пелистер се наоѓаат: Адемар Леон, Нант, Висла, Пик Сегед и Спортинг Лисабон. Сите овие тимови се второпласирани во националните ампионати.
На место во Лигата на шампионите се надеваат и клубови кои се шампиони, но не се во врвот на европскиот ракомет: Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Мотор Запорожје, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест и Бешикташ.